Дали имате прашање? Јавете-се +389 78 214 248 / +389 71 221 331

ПОЛИТИКА

Img

ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ

ЗАШТИТА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

„ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка, односно доколку од било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ нема обврска да изврши поврат на уплатените средства.

„ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ не е одговорен за трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги кога би се вршело онлајн купување.

 

8. ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

„ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Купувачот од веб страната www.goldmak.mk и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област кои се важечки во Република Северна Македонија.

Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на веб страната на www.goldmak.mk се наведени во Политиката за приватност која исто така е објавена на веб страната. Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат.

При посетата на веб страната, „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на одредени производи внесот на лични податоци е задолжителен.

Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб страната на „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“, вклучувајќи ги и Купувачите на производи од веб страната www.goldmak.mk. Политиката за приватност не се однесува на посетителите на други веб страници до кои се пристапува преку веб страната на „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“.