„ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“
ДООЕЛ Струмица е сопственик и менаџира со веб сајтот за
онлајн продажба www.goldmak.mk (десктоп и мобилна верзија).
ГОЛДМАК -
препознатлив и богат со традиција македонски бренд за производство на златен,
сребрен накит, како и накит од медицински челик. ГОЛДМАК располага со свој
сопствен погон за производство на накит, според најновите методи и принципи за
производство на истото.
ГОЛДМАК е
присутен на македонскиот пазар во Струмица со продажните салони: ZLATARA
GOLDMAK, ZLATARA REGNUM, ZLATARA INTERGOLD и во Скопје со FIORE D'ORO by
GOLDMAK.
Неодамна
ГОЛДМАК Групацијата започна со брусење на драги и полудраги камења, како и
минерали кои се продаваат како ковани во накит од злато, сребро и челик, или во
природни форми, необработени.
Тргнувајќи
од таму, ГОЛДМАК нуди висококвалитетен накит, произведен во Македонија,
следејќи ги најновите модни трендови.
Нашата
визија е да бидеме први во сериско производство на златен и сребрен накит на
Балканот.
ГОЛДМАК
МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ
Адреса: „Маршал Тито“ бр. 5, Струмица 2400
ЕДБ: 4027017526316
Телефони: +389 78 214 248 и +389 71 221 331
Е-маил: contact@goldmak.mk
Денарска жиро сметка: 300030000241807
Банка: Комерцијална банка АД Скопје
Девизна жиро сметка: 0270100387538
„ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“
„ГОЛДМАК
МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ ДООЕЛ Струмица е сопственик и менаџира со веб сајтот за
онлајн продажба www.goldmak.mk (десктоп и мобилна верзија).
ГОЛДМАК -
препознатлив и богат со традиција македонски бренд за производство на златен,
сребрен накит, како и накит од медицински челик. ГОЛДМАК располага со свој
сопствен погон за производство на накит, според најновите методи и принципи за
производство на истото.
ГОЛДМАК е
присутен на македонскиот пазар во Струмица со продажните салони: ZLATARA
GOLDMAK, ZLATARA REGNUM, ZLATARA INTERGOLD и во Скопје со FIORE D'ORO by
GOLDMAK.
Неодамна
ГОЛДМАК Групацијата започна со брусење на драги и полудраги камења, како и
минерали кои се продаваат како ковани во накит од злато, сребро и челик, или во
природни форми, необработени.
Тргнувајќи
од таму, ГОЛДМАК нуди висококвалитетен накит, произведен во Македонија,
следејќи ги најновите модни трендови.
Нашата
визија е да бидеме први во сериско производство на златен и сребрен накит на
Балканот.
ГОЛДМАК
МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ
Адреса: „Маршал Тито“ бр. 5, Струмица 2400
ЕДБ: 4027017526316
Телефони: +389 78 214 248 и +389 71 221 331
Е-маил: contact@goldmak.mk
Денарска жиро сметка: 300030000241807
Банка: Комерцијална банка АД Скопје
Девизна жиро сметка: 0270100387538
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА, ОНЛАЈН НАРАЧКА, ПЛАЌАЊЕ И КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ „ГОЛДМАК“ ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦА
1. ВОВЕД
Предмет на овие
Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување нa
производи преку веб страната на „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ ДООЕЛ Струмица, www.goldmak.mk
Секој од подолу
наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за
онлајн купување:
Посетител на
страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација
пристапува на веб страната www.goldmak.mk и
ја разгледува понудата на производи на „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“.
Купувач е физичко
или правно лице кое преку веб страната www.goldmak.mk нарачува и купува
производи од понудата на „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“.
За Посетителот
односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ се применуваат
позитивните законски прописи во Република Северна Македонија од областа на
електронските комуникации, електронска трговија, заштита на личните податоци и
заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за електронска трговија,
онлајн нарачка, плаќање и користење на производи преку интернет продавницата на
„ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“.
2. РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ
Купувачот кој сака да стане корисник на
услугата за електронска трговија и сака да нарача и купи производ или услуга од
„ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ преку веб страната www.goldmak.mk потребно е по одбирањето на производот/те
и нивно ставање во кошничката за купување да се регистрира на www.goldmak.mk, за да може да отпочне и се реализира онлајн
нарачката при електронска трговија.
Регистрираниот онлајн купувач со пополнување
на обрасците при купувањето на веб страната www.goldmak.mk во целост ја потврдува точноста на
податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци. Во
моментот на нарачувањето на одреден производ/и од понудата, Купувачот се
согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на
производ/и преку веб страницата на „ГОЛДМАК МЕТАЛ
ИНВЕСТМЕНТ“.
„ГОЛДМАК
МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ го задржува
правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата за онлајн
трговија. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата www.goldmak.mk
3. УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ
Цените на сите производи на www.goldmak.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Цените за онлајн купување може да бидат
привилегирани и помали од малопродажните цени во продавниците на „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ и ќе бидат
соодветно означени на веб страната www.goldmak.mk
„ГОЛДМАК
МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ го задржува
правото за промена на цените, во согласност со
политиката на компанијата, без известување за корисниците.
Корекција на цената нема да биде извршена ако
нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е
понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената
може да биде променета во меѓувреме.
Артиклите кои се означени со специјални
промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени
со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во
системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани.
Купувачот може да избере еден или повеќе
производи, како и пакет на производи од понудата на www.goldmak.mk. Купувачот може да ја откаже, дополни или
корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.
Регистрирањето е задолжително за
реализацијата на нарачката, и при нарачката, задолжителни се податоците за
контакт, како и адреса за испорака.
По завршувањето на нарачката ќе Ви биде
испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката.
При евентуални технички проблеми со интернет страната, „ГОЛДМАК
МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ има право да ја
одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да
извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна
на купувачот.
Продавачот не гарантира дека нарачаниот
производ го има на залиха. Доколку во моментот на процесуирање на нарачката,
нарачаниот производ го нема, продавачот се обврзува во рок од 5 работни дена да
го извести купувачот за недостапноста.
Во случај на недостапност на производот, а
доколку истиот е платен од страна на купувачот, потребно е да ја наведете
вашата трансакциска сметка за враќање на парите.
4. ИСПОРАКА
Испораката се врши на адресата дефинирана од
Купувачот при извршената нарачка и на начин кој го одбрал при самото вршење на
нарачката.
Доставата до адресата наведена во нарачката,
се врши од понеделник до петок од 09:00 до 16:00 часот.
Испораката на територија на Република Северна
Македонија се врши во рок од 5 (пет) работни денови, сметано од моментот на
извршена нарачка.
Доколку нарачката е извршена по 16:00 часот,
тогаш рокот за испорака започнува да тече од следниот работен ден.
Доколку нарачката е направена во неработен
ден (сабота, недела или празник), во тој случај рокот за испорака започнува да
тече од првиот работен ден.
По секоја направен нарачка, купувачот ќе
добие е-маил за потврда на успешноста на нарачката.
Пред секоја испорака, купувачот ќе биде
телефонски контактиран за да се одреди денот и часот на испораката.
Испораката на производите се извршува на
Купувачот или на трето лице кое ќе се затекне на адресата на која се врши
испораката.
Под трето лице се подразбира лице кое иако не
е изрично наведено во нарачката, живее во исто домаќинство со купувачот и е
полнолетно. Во случај кога доставата на врши на трето лице, истото е должно да
се легитимира, да ја прими нарачката и да се потпише на фактурата/испратница со
цело име презиме и во кое својство е со примачот.
При достава на производите на купувачот/трето
лице ќе му биде доставена фактура/испратница со други пропратни документи кои
го следат производот (гарантен лист, упатство за употреба и одржување,
декларација итн.), кои опционално ќе бидат истакнати на самата амбалажа или пак
спакувани во самиот производ.
Доколку купувачот не е најден на закажаниот
термин на адресата оставена за достава, или истиот не е достапен за нарачка во
договорениот термин, Продавачот нема обврска за повторна испорака на
прозиводот, туку купувачот е должен истиот да го подигне од канцеларијата на
курирската служба за достава.
4. ЦЕНИ ЗА ИСПОРАКА
Цената за достава на нарачки до 2000 денари е
200 денари, а за нарачките над 2000 денари доставата е бесплатна.
„ГОЛДМАК
МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ не сноси
одговорност кога доцни при испораката, доколку доцнењето е предизвикано од виша
сила и случаи кои се надвор од нејзина контрола.
Во случаи кога на купувачот иако му е
најавена испораката, сепак не е најден на дадената адреса и/или не е достапен
за доставување на нарачката во договорениот термин или нема обезбеден пристап и
услови за предавање на производот во тој рок, Купувачот е должен да го подигне
производот од канцеларијата на курирската служба за достава.
5. ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИТЕ КУПЕНИ ПО ПАТ НА
ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА
Производите се доставуваат до влезната врата
на куќата, односно до влезот на станбена зграда.
Производите се спакувани во соодветни
амабалжни кутии, како заштита од евентуални оштетувања.
6. ОДГОВОРНОСТ НА ЕЛЕКТРОМЕТАЛ ВО СЛУЧАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБА, НЕСООДВЕТНО И
НЕОВЛАСТЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ
Доколку доставениот производ не одговара на
нарачаниот во однос на формата, големината, моделот, бројот или од други
причини отстапува од нарачаното, тогаш купувачот има право за доставениот
производ да побара замена во рок од 7 дена од денот на приемот на производот.
Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е
сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети и сл.
Во случај кога е доставен несоодветен
производ, Ве молиме да не известите на бројот: 078/214
248 или на нашата електронска пошта contact@goldmak.mk. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за
понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите
Вашите права како потрошувач.
Во случај на барање замена, купувачот е
должен да ја приложи испратницата за прием на производот и целокупната
документација која на купувачот му била дадена заедно со производот.
Ако нема ист таков производ со кој ќе го
замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате да Ви
се вратат парите за истиот или да чекате производот да го замениме со соодветен
кога ќе има таков. „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ се обврзува да ве извести дали има таков
производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 7 дена од денот на
приемот на барањето.
Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат
вратени на сметка која ќе ја наведете во Барањето за замена.
7. ЗАШТИТА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
„ГОЛДМАК
МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ во потполност се
оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на
Купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на
несоодветно и неовластено користење на платежната картичка, односно доколку од
било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и согласност
на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ нема обврска да
изврши поврат на уплатените средства.
„ГОЛДМАК
МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ не е одговорен за
трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за
било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин
на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги кога би се
вршело онлајн купување.
8. ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА
„ГОЛДМАК
МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ се обврзува да ја
заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на
Купувачот од веб страната www.goldmak.mk и потврдува дека
со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и
други позитивни прописи од оваа област кои се важечки во Република Северна Македонија.
Основните правила за собирање, користење и
заштита на податоците на сите посетители на веб страната на www.goldmak.mk се наведени во Политиката за приватност која исто така е објавена на веб страната. Во
рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за
време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат.
При посетата на веб страната, „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ не врши
автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот
доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на
одредени производи внесот на лични податоци е задолжителен.
Приниципите наведени во Политиката за
приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб
страната на „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“, вклучувајќи ги и Купувачите на производи од
веб страната www.goldmak.mk. Политиката за приватност не се однесува на
посетителите на други веб страници до кои се пристапува преку веб страната на „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“.
9. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
По извршената испорака нема можност да се
откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ, освен во случаи кога
Купувачот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби
на Законот за заштита на потрошувачите.
Доколку Купувачот се определи за плаќање на
производите со платежна картичка, постои можност од прекин на интернет
конекцијата во моментот на плаќање. Доколку барањето за плаќање е регистрирано
од страна на „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“, Купувачот добива е-маил порака или СМС
порака со извештај за статусот на извршената уплата т.е. нотификација за тоа
дали извршената трансакција е успешна или неуспешна.
Доколку Купувачот добие е-пошта или СМС
порака со потврда за успешно извршено плаќање, а не го добие производот во
предвидениот рок, во тој случај Купувачот може да достави приговор на веб
страната www.goldmak.mk. Купувачот е должен во прилог на приговорот
да достави и доказ за потврдена уплата и/или извод од банката за извршена
трансакција.
На сите кориснички рекламации и поплаки, „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ ќе одговори најдоцна
до законски предвидениот рок од 15 дена.
10. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Производот/те се резервирани за испорака по
добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот.
Со самото ставање на производите во кошничка
не значи дека е направена резервација и дека е затворена нарачката. Доколку
нарачката не е спроведена до крај, односно содржината на нарачката се уште се
наоѓа во кошничка, а времето на неактивност на Посетителот/Купувачот на www.goldmak.mk е подолго од 30 минути, содржината на
кошничката автоматски ќе биде избришана.
„ГОЛДМАК
МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ го задржува правото
без претходна најава да ги измени овие Општи услови како и содржината на веб
страната www.goldmak.mk, а најновата верзија на Општите услови за
онлајн нарачка, плаќање и купување на производи преку веб страната на „ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“, корисникот ќе
може да ги прочита на веб страната www.goldmak.mk. Измените на овие
Општи услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава.