Дали имате прашање? Јавете-се +389 78 214 248 / +389 71 221 331

ИСПОРАКА

Img

Испораката

Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка и на начин кој го одбрал при самото вршење на нарачката.

Доставата до адресата наведена во нарачката, се врши од понеделник до петок од 09:00 до 16:00 часот.

Испораката на територија на Република Северна Македонија се врши во рок од 5 (пет) работни денови, сметано од моментот на извршена нарачка.

Доколку нарачката е извршена по 16:00 часот, тогаш рокот за испорака започнува да тече од следниот работен ден.

Доколку нарачката е направена во неработен ден (сабота, недела или празник), во тој случај рокот за испорака започнува да тече од првиот работен ден.

По секоја направен нарачка, купувачот ќе добие е-маил за потврда на успешноста на нарачката.

Пред секоја испорака, купувачот ќе биде телефонски контактиран за да се одреди денот и часот на испораката.

Испораката на производите се извршува на Купувачот или на трето лице кое ќе се затекне на адресата на која се врши испораката.

Под трето лице се подразбира лице кое иако не е изрично наведено во нарачката, живее во исто домаќинство со купувачот и е полнолетно. Во случај кога доставата на врши на трето лице, истото е должно да се легитимира, да ја прими нарачката и да се потпише на фактурата/испратница со цело име презиме и во кое својство е со примачот.

При достава на производите на купувачот/трето лице ќе му биде доставена фактура/испратница со други пропратни документи кои го следат производот (гарантен лист, упатство за употреба и одржување, декларација итн.), кои опционално ќе бидат истакнати на самата амбалажа или пак спакувани во самиот производ.

Доколку купувачот не е најден на закажаниот термин на адресата оставена за достава, или истиот не е достапен за нарачка во договорениот термин, Продавачот нема обврска за повторна испорака на прозиводот, туку купувачот е должен истиот да го подигне од канцеларијата на курирската служба за достава.

 

4. ЦЕНИ ЗА ИСПОРАКА

Цената за достава на нарачки до 2000 денари е 200 денари, а за нарачките над 2000 денари доставата е бесплатна.

„ГОЛДМАК МЕТАЛ ИНВЕСТМЕНТ“ не сноси одговорност кога доцни при испораката, доколку доцнењето е предизвикано од виша сила и случаи кои се надвор од нејзина контрола.

Во случаи кога на купувачот иако му е најавена испораката, сепак не е најден на дадената адреса и/или не е достапен за доставување на нарачката во договорениот термин или нема обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, Купувачот е должен да го подигне производот од канцеларијата на курирската служба за достава.